Македонските компании главни клиенти на Солунското пристаниште

Bez autora
Dec 10 2013

Раководството на Солунското пристаниште континуирано работи на подобрување на условите за македонските компании, кои се главните клиенти на оваа грчка компанија. Според статистичките податоци, кои беа презентирани во вторникот во Скопје, над 52 отсто од карго транспортот низ Солунското пристаниште бил на македонски компании, додека бројот на контејнери кои превезувале стоки за македонски компании надминал 58 отсто. Вкупниот транспорт на Солунското пристаниште за компании од Македонија во 2012 година изнесувал над 2,163 милиони тони, што претставува пораст во однос на претходната година од 13,35 отсто, изјави претседател и управен директор на Солунското пристаниште Стилијанос Ангелуидис.

Македонските компании главни клиенти на Солунското пристаништеРаководството на Солунското пристаниште континуирано работи на подобрување на условите за македонските компании, кои се главните клиенти на оваа грчка компанија.

Според статистичките податоци, кои беа презентирани во вторникот во Скопје, над 52 отсто од карго транспортот низ Солунското пристаниште бил на македонски компании, додека бројот на контејнери кои превезувале стоки за македонски компании надминал 58 отсто.

Вкупниот транспорт на Солунското пристаниште за компании од Македонија во 2012 година изнесувал над 2,163 милиони тони, што претставува пораст во однос на претходната година  од 13,35 отсто, изјави  претседател и управен директор на Солунското пристаниште Стилијанос Ангелуидис.

Ваквиот тренд, според него, се должи на конкурентноста и ниските цени кои ги нуди пристаништето, но и добрата соработка со македонските компании и излегување во пресрет на нивните барања.

„Постоеа два проблема. Едниот не беше поврзан со пристаништето, а тоа беше со работењето на царината која не работеше постојано. Сега тој проблем е надминат и царинските служби, како и останатите служби на пристаништето работат 24 часа“, рече Англелуидис.

Како втор проблем тој го посочи железничкиот транспорт, за што стапил во контакт со директорите на македонската и грчката железница и се очекува во најскоро време воспоставување на директна железничка линија за товарен транспорт.

Според Англелуидис, Солунското пристаниште најконкурентно во регионот и успеало и покрај кризата да ги задржи постоечките цени на услугите.

Покрај ова, во минатиот период биле инвестирани 30 милиони евра  а се најавуваат исто толку во нова опрема, машини и багери за потребите на пристаништето.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik